• Zones and roads

    INVEST FOR BETTER FUTURE

За проектот

Грција – Македонија ИПА – Прекуграничната програма 2007-2013 е ко – финансирана од Европската Унија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Глобална цел на Програмата е да се зајакне меѓусебната соработка во Програмската област преку промовирање на одржлив локален развој.

Проектот “Индустриски зони и комерцијални патишта во прекуграничната област” – ЗОНИ И ПАТИШТА беше одобрен во рамките на Вториот повик за предлози на оваа Програма.

Регионот Централна Македонија, Р. Грција во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Р. Македонија започна со имплементација на овој заеднички проект со кој ќе се обезбеди соодветно техничко решение за постоечкиот проблем во транспортот, подобрување и зајакнување на економскиот развој, кохезија и соработка помеѓу двете земји.

Овој проект го разработува проблемот со кој се соочува регионот, а тоа е недостаток од систематизирани податоци, големина, како и влезна инфраструктура и сигнализација на зоните во Југоисточниот регион.

© 2013 Tourist Union Strumica